Дебарско–кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 9-ти декември, во црквата „св. вмч. Георги“ во Охрид, со почеток во 8.45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „св. вмч. Георги и св.Алимпиј Столпник“. Ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско–кичевски и Администратор Австралиско–сиднејски г.Тимотеј.

Дебарско–кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.