Фудбалерите на Пари Сент Жермен со титула ја започнаа новата сезона во францускиот фудбал. „Светците“ со 4-0 го совладаа Монако во Супер купот кој се одигра во Кина.

Супериорноста избраниците на германскиот стратег Томас Тухел ја демонстираа во текот на целиот натпревар. ПСЖ отпорот на „кнезовите“ го скршија во 33-та минута со погодокот на Анхел ди Марија од слободен удар. Седум минути подоцна Кристофе Нкунку ја дуплираше предноста.

И покрај водството фудбалерите на ПСЖ не остапија од офанзивната игра и нападот кон противничкиот гол. Во 67-та минута Тимоти Веа погоди за 3-0, а Ди Марија со вториот погодок ја запечати победата и првата титула за „светците“.

Кам бек во дресот на ПСЖ имаше бразилскиот ас Нејмар, а деби со титула и без примен погодок Џиџи Буфон.

Следниот викенд започнуваат мечевите во Првата француска лига.

OhridNews