Житието на Свети Јоаким Осоговски сведочи дека тој се угледал на Игнатиј Богоносец „упатувајќи се како ѕвезда многусветла од запад кон исток, дојде во областите на планините Осоговски“.  Пустиножителството Свети Јоаким го започнал во селото Градец, во Осоговскиот крај, а потоа засегогаш се населил во една пештера во местото Бабин Дол во близината на Сарандапорската река, каде што останал до крајот на животот. Житието на овој светец сведочи дека педесет години по неговата смрт на местото каде што почивале неговите мошти бил ставен камен темелник на манастир што го носел неговото име.

Свети Јоаким Осоговски живеел во втората половина на 11-ти век а умрел во почетокот на 12-ти век. Бил наречен Сарандапорски поради местото каде што живеел. Бил многу почитуван за што сведочи и неговата служба датирана во 13-ти век. Манастирскиот комплекс на Јоаким Осоговски бил светилиште на неговиот култ независно од црковните и политичките услови низ кои поминувал осоговскиот крај.


Манастирот Св. Јоаким Осоговски

По повод празникот Св. Јоаким Осоговски, во Свети Климентовиот храм Св. Пантелејмон на Плаошник денеска ќе се одржи света архиерејска литургија со која ќе чиноначалствува митрополитот Дебарско – кичевски г. Тимотеј.

Јасминка Т. Момироска