
Одлуката за основање на ова училиште беше усвоена на денешната седница на Советот на општина Охрид. Новиот училишен центар, во суштина ќе биде составен од медицинските и економските паралелки кои до сега функционираа во рамки на Гимназијата „Свети Климент Охридски“.
– Постапката за основање на училиштето е завршена и добиена е согласноста од страна на Министерството за образование и наука. Деновиве очекуваме Министерството да го објави конкурсот за прием на ученици во новото општинско средно стручно училиште, изјави Димитар Спасески секретар на Општина Охрид.
OhridNews











