Од Дебраско-кичевската епархија информираат за Свети Литургии по повод претстојните празници, а на кои ќе богослужи и проповеда Неговото Високопреосвештенство Митрополитот г. Георгиј.
На 07.12.2025г. Св.вмч. Екатерина, Света Архиерејска Литургија, со почеток во 08.45 часот во манастирот Св. Еразмо Охридски. Во 16.00 часот Празнична вечерна богослужба, во манастирот Свети Климент и Пантелејмон – Плаошник.
На 08.12.2025г. Св. Климент Охридски, Света Архиерејска Литургија, со почеток во 08.45 часот во манастирот Св. Климент и Пантелејмон – Плаошник.
НА 09.12.2025г. Св.вмч.Георгиј, Света Архиерејска Литургија, со почеток во 08.45 часот во храмот Св.вмч.Георги – Охрид, посочуват од Дебраско-кичевската епархија.
OhridNews












