Деновиве екипи на Јавното претпријатие „Нискоградба“ од Охрид, поставија нови заштитни капаци на електричните светилки во близина на детската градинка „Јасна Ристеска“ во Лескајца, откако граѓаните преку OhridNews апелираа за опасноста која демне на оваа локација.

Инаку, металните капаци од електричните столбови веќе со години се честа мета на охридските крадци.

О.Т.