„Светило на врв планина“ е насловено првото илустрирано житие за Света Спаса Вишенска. Станува збор за прво адаптирано житие за деца на македонски светител чиј автор е писателката Јасмина Кантарџиева Димков, а илустратор Викторија Попоска.

Иницијативата произлезе на минатогодишната прослава на Света Спаса Вишенска во разговор со авторката да го адаптираме житието на Света Спаса да биде достапно и разбирливо за деца. Житието е опширно, но од разговорот со авторката произлезе идеја да се скрати и да се доближи до децата, истакна Димоски.
Авторката посочи дека житието е создадено да биде разбирливо и инспиративно за најмладите, но и вредно четиво за возрасните.
Промоцијата на „Светило на врв планина“ ја потврди важноста од создавање современи и визуелно привлечни дела, кои го оживуваат духовното и културното наследство на нашата земја, а одѕивот од публиката сведочи за зголемениот интерес кај јавноста за духовна литература наменета за најмладите, истакна Кантарџиева Димков.
Промотори на делото беа писателката Верицa Мукоска и отец Александар Крстаноски, кои ја истакнаа потребата и значењето од вакви изданија за духовно оформување на децата и запознавање со историските вредности на земјата.
Промоцијата се одржа на 25 мај, денот кога првпат беа прославени светите исповедници Спасе Вевчански и Спаса Вишенска, по нивната минатогодишна канонизација од страна на Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА.
OhridNews
фото. А. Момироска




















