Светиот крст во Елшани во рацете на Роберт Шоповски
19.01.26 09:33
Жителите на Елшани и годинава традиционално во раните утрински часови го одбележаа големиот христијански празник Богојавление – Водици.
Во 5 часот започна утринската богослужба во селото, на која присуствуваа повеќе стотини жители. По осветувањето на леб и вода, на сред село, во изворските води беше извршен чинот на фрлање на светиот крст.
Среќниот фаќач на богојавленскиот крст годинава беше Роберт Шоповски.
Како спомен на настанот, Шоповски доби пригодни подароци од страна на месната заедница и црквата „Свети пророк Илија“.
Одбележувањето на Богојавление во Елшани продолжи со народен собир и оро на сред село, каде старите и новите кумови послужуваа топла ракија и бонбони. Празнувањата продолжија и во текот на денот со традиционални светојонски трпези кај старите кумови, проследени со песна и игра.
Мартин Гоџо од Варош го фати светиот крстот што на празникот Богојавление Водици, денеска, беше положен во осветените води на Охридското Езеро Тој беше најсреќен помеѓу неколкуте стотини капачи Мар...
Чествувањата по повод празникот Богојавление – Водици започнаа утрово во 7 часот со богослужби во охридските парохиски цркви Литиите од трите цркви „Св Никола- Геракомија“, „Успение на Пресвета Бо...
По повод големиот верски празник Богојавление Водици голем број верници утрово се упатија во црквите на богослужбите Богослужбите во охридските парохиски цркви почнаа во 7 часот наутро Централната ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.