Наместо од брод, како што се правеше изминатите години, крстот за празникот Водици оваа година, ќе се фрла во осветените езерски води од пристаништето, однoсно од „кај колцето“, информираат организаторите на манифестацијата, здружението „Богојавление“ и Локалната самоуправа.

-Оваа година со цел да се запази редот и да има фер натпревар помеѓу капачите крстот ќе се фрла од кај колцето. Капачите исклучиво ќе смеат да пливаат по крстот во зоната обележана за таа намена. Доколку не го почитуваат редот, крстот нема да се фрла, предупредуваат организаторите.

Во текот на денешниот ден извршено е бележење на просторот кај градското пристаниште каде ќе се одвиваат богојавленските церемонии.

OhridNews