Граѓани на небото над Охрид вечерва забележале објект со стотици светла. Се движел во североисточен правец, а бил забележан и во руралните средини во околината на Охрид. Место за паника нема. Се работи за сателитите „Starlink“ кои орбитираат околу Земјата.
Наши читател сподели фотографии од сателитите видени претходно, исто така на небото над Охрид.
Ваквата глетка не е ништо невообичаено, за што сведочат бројни луѓе од сите страни светот.
„Starlink“ е во сопственост на Илон Маск и неговата компанија досега лансираше повеќе од 3.800 сателити кои обезбедуваат брз интернет и на места далеку од урбаните средини.
Г.М.