По налог на Комуналната инспекција, екипите на Ј.П.„Охридски Комуналец“, вчера, го чистеа крајбрежниот појас во населба Далјан, на потегот од х.„Магнус“ до основното училиште „Св.Климент Охридски“ во населбата. 
-С овој простор стопанисува Министерството за одбрана, а истиот е даден на користење на Министерството за образование. На дел од просторот е поставен шанк, плажа со лежалки и други реквизити, но сепак никој не ја прифаќа обврската за одржување на хигиената на овој простор, велат од јавното претпријатие.
Во акцијата беа собранио околу 10 метри кубни најразличен отпад.
OhridNews