Фудбалскиот клуб Чапекоенсе повторно го трогна светот. Овој пат причината е далеку посветла и подобра од минатата година кога клубот ги загуби речиси сите фудбалери, работници и стручњаци во авионската несреќа која се случи во Колумбија.

Клубот кој по несреќата немаше ниту еден фудбалер, а одби и било каква помош од Бразилската федерација на Бразил после една година стигна да игра квалификации за пласман во Копа Либертадорес.

„Зелените“ во последното коло пред своите гледачи го пречекаат тимот на Коритиба. Гостите се бореа за опстанок, а домаќините за излез во интернационалните натпревари. Дел од екипите кои беа во трката со „Чапе“ и Коритиба изгубија и коцките им се поклопија на двета состави пред одлучувачкиот натпревар. До победата домаќините стигнаа со гол во судиското продолжение од вториот дел, а претходно имаа и негатива.

Навивачите триумфот и успехот го прославија со солзи во очите и со мобилните во рацете кои беа насочени кон небото алудирајќи на експедицијата која тргна по трофејот во Судамерика, а стигна во рајот.

OhridNews