Светот и натаму постои каков што го знаеме и по Судниот ден, кој според приврзаниците на христијанската секта на Херолд Кампинг требаше да се случи на 21-мај. На тоа упатуваа и вознемирувачките билборди кои беа поставени  во Охрид, а главната пропаганда се вршеше преку „Фемили радиото“ кое наводно од донации на приврзаниците на верувањето за Судниот ден инкасирало  над 30 милиони долари.


Кампањата која наиде на реакции во јавноста ја спроведе христијанската секта на Херолд Кампинг од Њујорк која веруваше дека нивниот духовен водач со математичка формула ги открил кодовите и тајните на Библијата, како и  денот на пропаѓањето на светот.

OhridNews