Краткиот игран филм И(с)згубени-Mi(s)sing Dog во режија на Антонио Вељаноски, ќе биде прикажан на овогодинешното издание на Фестивалот за кратки филмови Фастнет Филм Фестивал, што се оддржува од 22-ри до 26-ти Мај во Скул, Ирска. Филмот ќе има три проекции во официјалната програма. Фестивалот важи за еден од најдобрите филмски фестивали за краток филм според платформата за кратки филмови filmfreeway.

И(с)згубени е филм за осаменоста, надежта и љубовта. Кога осамениот пензиониран лингвист Рудолф (77), оди во пошта, по пат е следен од едно куче од кое не може да се ослободи. Ова ќе доведе до целосна и неочекувана промена во неговиот живот.

Главната улога ја толкува чешкиот актер Јан Качер, заедно со кучето кое се вика Ируна и актерката Марие Дурнова, директор на фотографија е Владимир Димоски, музиката е на Игор Василев Новоградска, продуценти на филмот се Елена Станишева и Зоран Вељаноски Летра.