Клубот Ребел синоќа го прослави третиот роденден. Славеничкиот момент го разубави извонредната Дани Димитровска, а нејзиниот настап беше убава увертира во музичките случувања ова лето во клубот познат по уникатните забави и квалитетна музика.

Ребел најавува гостувања на светски познати диџеи и изведувачи, а летната забава вечерва (сабота), ја отвора прекрасната тајланѓанка која живее и работи во Берлин, продуцентката и диџеј Накадија.

Вратите на клубот за настапот на Накадија се отвараат во 23 часот!

На 26 јули во Ребел гостува познатиот диџеј Кристијан Смит чии забави се прераскажуваат секаде каде што настапува.

Вистинско денс лудило во Ребел не очекува на 2 Август. Гостува норвешкиот диџеј и продуцент Микас (DJUMA SOUNDSYSTEM). Тој е креатот на модерната класика успешно комбинирајќи диско и афро хаус.

Претстојните се само дел од квалитетните музички настани што ова лето ќе се случуваат во клубот Ребел каде ќе настапат едни од најпознатите диџеи и изведувачи во светот.

Г.М.