Борис Березовски, Александар Гиндин и Алексеј Володин се тројцата виртуози на пијано кои ќе бидат дел од светски познатите уметници кои ќе настапат на годинешното издание на фестивалот “ Охридско лето”.
Музичкиот селектор на фестивалот, Гордана Јосифова-Неделковска истакнува дека Гиндин и Володин, кои ги исполнуваат големите светски сали, досега не настапувале на „Охридско лето“.
– Ова ќе биде исклучителна можност македонската публика да ужива во нивната извонредна изведба. Посебно ми е драго што при мојата посета во Москва, каде настапував како солист на еден фестивал, имав прилика да се запознаам со овие уметници – големи пијанисти, и тие со задоволство ја прифатија мојата покана да дојдат на фестивалот „Охридско лето“ за кој, како што самите изјавија, слушале многу од нивните колеги“, вели Јосифова – Неделковска. Таа додава дека голема радост за публиката ќе биде и повторното доаѓање на Борис Березовски кој настапи на фестивалот пред две години и кој е миленик не само на светската, туку и на македонската публика.
Рускиот виртуоз на пијано, Борис Березовски, весникот „Тајмс“ го опишува како „уметник со исклучително ветување, пијанист со занемувачка виртуозност и исклучителна моќ“. Го има освоено и златниот медал на конкурсот „Чајковски“ во Москва.
Александар Гиндин е еден од најценетите руски пијанисти на денешницата. Критиката и љубителите на музичката уметност едногласно го прогласуваат за еден од најталентираните и најуникатни пијанисти.
Алексеј Володин важи за еден од највештите руски пијанисти од својата генерација. Меѓународната критика постојано ги величи неговата извондредна вештина, неговите интерпретациони техники, убавината на неговиот звук и разновидноста на неговиот репертоар.
Зимата е на прагот, а градовите во Македонија, вклучително и Охрид, се гушат во загаден воздух На моменти загадувањето е ектремно високо, поради што во одредени населени места беа активирани мерки ...
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 73-годишен охриѓанец, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“ Тој, на катарстарска парцела „Охридско езеро“...
Поради густата магла која ја зафати скопската котлина, а која предизвика намалена видливост, на Меѓународниот Аеродром Скопје, и денеска има откажани и пренасочени летови Поради маглата која и дене...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.