
На 3-ти мај граѓаните имаат можност да се информираат каде има повреда на медиумските слободи, за тоа дека во одредени земји постои цензура, казна и затворање на медиумите, а новинарите неосновано се апсат, затвораат или убиваат. Денеска е ден-потсетник за владите низ целиот свет дека треба да го почитуваат ова право на кое се обврзале, но и ден кога самите медиумски професионалци треба да се потсетат на нивната должност за примена на етичките стандарди.
Токму затоа, на овој ден бројни медиумски здруженија и институции организираат низа настани за одбележување на овој ден, излегуваат со соопштенија со оцена на слободата на медиумите во сите земји и региони.












