
Светскиот ден против пушењето, 31. мај оваа година се обележува под слоганот “Создадете и уживајте во средина која што е 100 отсто без чад од цигари“.Денот против пушењето се обележува од 1998 година со цел да се укаже на опасноста и штетноста што ги предизвикува пушењето.
И покрај алармантните податоци на СЗО, бојот на пушачите во земјава и натаму е висок, а последните податоци покажуваат дека се поголем е бројот на жени пушачи. Токму затоа кампањата по повод Светскиот ден против пушењето во Македонија е посветена на овој проблем и се одвива под мотото “Како да престанете со пушењето за вас и за вашето бебе“.
Г.М.












