Влијанието на здравствената економија врз здравствената политика ќе биде главна тема на „1-от Македонски и 4-от Адриатик Конгрес на фармакоекономија и исход од терапија на Македонија“, што ќе се одржи во Охрид од 24-ти до 27-ми април 2014 година. На овој научен собир ќе присуствуваат врвни експерти од областа на фармакологијата, како и меѓународно признати стручњаци за производството и трговија со лекови.
Во рамки на конгресните активности ќе се отворат и дискусии за „Економските влијанија од паралелен увоз на фармацевтски производи“; „Унапредувањето на регулативата за генерички и биолошки слични лекови“; „Имплементацијата на здравствени технологии во нискобуџетните европски земји“ како и за низа други фармаколошки теми.
OhridNews