Преку глобалниот инвестициски самит, што во организација на асоцијацијата „Македонија 2025“ ќе се одржи идниот месец во Охрид, државата ќе ја зајакнува соработката меѓу домашната бизнис заедница и дијаспората.

Самитот ќе се одржиод 18 до 21 октомври под мотот „Нови можности: Преку бизнис дијаспората до зголемена трговија, инвестиции и економски раст“.

На самитот учество ќе земат четириесетина експерти од областа на економијата, меѓу кои, како што беше посочено на денешната прес-конференција, ќе бидат Сами Елхејџ, главен оперативен директор на „Нокиа Сименс Нетворкс“, Курт Гајгер директор на одборот на Рајфајзен банк Инт, Хубертус јан ван дел Ваарт, коосновач на СЕАФ, како и премиерот Никола Груевски заедно со економскиот владин тим.

Акцент во расправата ќе биде ставен на
можностите и условите за водење бизнис во земјата. Во фокусот ќе бидат
можностите за инвестирање во инфраструктурата, енергетските и природни
ресурси, информатичките технологии, преработка на храна, бизнисот со
недвижности, градежништвото и туризмот.

– Целта ни е да ги зајакнеме мостовите на соработка на домашниот бизнис и
нашите луѓе од целиот свет. Ќе бидат претставени можностите за
инвестирање во Македонија, како и потенцијалите за извоз, успешни бизнис
модели кои веќе се тестирани и испробани со цел да мотивираат слични
потфати и во иднина, рече Зоран Мартиновски, член на одборот на
директори на „Македонија 2025“  и претседател на Глобалниот инвестициски
самит.

Од Самитот ќе произлезат заклучоци чија цел ќе биде да се поддржат, поттикнат и унапредат напорите за инвестирање во земјава.

Организацијата
„Македонија 2025“ е основана во 2007 година со цел да го помогне
економскиот развој на Макердонија и привлекување на странски инцестиции.

OhridNews