Адора Инженеринг и генералниот директор проф. д-р Ванчо Чифлиганец, како единствен претставник од Македонија, доби светска награда за најдобро претпријатие од градежништвото и најдобар менаџер од Македонија во 2012 година. Ова реномирано признание, што го доделува Европската бизнис асоцијација, на Адора Инженеринг и припадна за најдобра бизнис репутација, за успешно менаџирање и за динамичен раст на компанијата. Наградата, на д-р  Чифлиганец, му беше доделена на престижната меѓународна  манифестација „Најдобри претпријатија во Европа“, на 17 декември 2012 година, на свечена церемонија во кралската палата „Хофбурн“ во Виена, Австрија, во присуство на голем број претставници од повеќе земји во светот.

–    Ова признание особено ни значи, имајќи ги во вид огромните напори кои секојдневно ги вложуваме во ова кризно време и тешка бизнис клима, за обезбедување работа на пазарот со голема конкуренција, носејќи храбри одлуки. Поради тоа, ваквиот успех е вистинска сатисфакција и мотив повеќе за  нас и за сите вредни менаџери и работливи луѓе од Македонија. Наградата е потвдра за Адора Инженеринг дека работи по светските стандарди, а за Македонија дека единствено вистинските вредности, кои ги препознава и признава светот, може да не афирмираат и да не однесат во семејството на ЕУ, што е приоритет на Македонија и македонскиот народ“- изјави д-р Ванчо Чифлиганец, генерален менаџер на Адора Инженеринг.

Компаниите, ја добиваат оваа награда по темелна анализа од страна на Европската бизнис асоцијација за значењето за регионот, нивниот економски развој, општествено одговорините активности, извозниот потенцијал, развојот на интегративните процеси, проширувањето на дистрибутивната мрежа, зголемување на иновативното ниво, воведувањето на високи технологии во работењето, конкурентноста и квалитетот, употребата на современи стандарди, ефективниот ПР, одржувањето на постојан углед во бизнисот и вработување на висококвалификувани кадри.

Адора Инженеринг, како круна на 10 годишниот успешен развој, потврден со 20 место по успешност и рангирањето меѓу 5. најбрзорастечки компании во Македонија и светската награда за најдобро претпријатие и менаџер на годината, јубилејот ќе го заокружи со прослава на 26 декември во Александар Палас во Скопје.

OhridNews