Во клубот „Ребел“ во Охрид ова лето гостуваат светски познати диџеи и изведувачи. Оваа сабота, 26 јули, во „Ребел“ ќе настапи познатиот диџеј, продуцент и електро легенда Кристијан Смит, чии забави се прераскажуваат.

Вратите на клубот за настапот на Кристијан Смит се отвораат во 23 часот!

Моменти од забавата со Кристијан Смит во „Ребел“ минатата година

Вистинско денс лудило во Ребел не очекува на 2 Август. Гостува норвешкиот диџеј и продуцент Микас (DJUMA SOUNDSYSTEM). Тој е креатот на модерната класика успешно комбинирајќи диско и афро хаус.

Претстојните се само дел од квалитетните музички настани што ова лето ќе се случуваат во клубот Ребел каде ќе настапат едни од најпознатите диџеи и изведувачи во светот.

Г.М.