Со свеченост на која беа промовирани нови членови, лајанс клубовите „Лихнидос“ и „Десарети“ од Охрид, во саботата во х. “Ројал Вју“, го одбележаа светскиот ден на лајанизмот.


Со ова „Лихнидос“ и „Десарети“се приклучија на илјадници лајанс лубови во светот кои истовремено ги промовираа новите членови на милионското семејство хуманитарци – волонтери.


Покрај  промоција на новите членови, се одржа и предавање за целите и мисијата на лајанизмот.


Во Охрид активно функционираат четири лајанс клубови.

OhridNews