Под мотото „Мисли – Јади –Заштитувај“, ширум планетата денеска се одбележува Светскиот ден на заштита на животната средина.
По тој повод општина Охрид, денеска и утре ја спроведува „Цветни балкони – Цветен Охрид“, во рамки на која ќе бидат поделени 500 жардиниери саксиско цвеќе во населбите Кошишта, Лескајца и Воска.
Исто така, во рамки на Неделата на животна средина, општина Охрид утре, 6-ти јуни, ќе организира и акција за собирање на стара хартија во соработка со основните и средните училишта од Охрид.