Клубот Ребел продолжува да пулсира во светски ритам. По извонредните забави во јули и околу празникот Илинден, Ребел продолжува со исто темпо носејќи на брегот на Охридското Езеро едни од најдобрите диџеи на денешницата.
Вечерва во клубот Ребел ќе настапи Рамиро Лопез. Тој денеска уживаше во македонска салата покрај езерото најавувајќи незаборавна забава вечерва во Ребел.
Вратите на Ребел каде вечерва настапува диџеј Ромеро Лопез се отвораат во 23:30 часот.
Настапот на Ромеро Лопез е само еден од бројните квалитетни настани кои следат во Ребел до крајот на летото.
Г.М.