Во четврток на 10-ти март, со почеток во 17:00 часот во „NOA Lounge Bar“ во Охрид ќе се одржи двочасовна работилница со Френк Нојригат, ко-основач на светскиот Стартап Викенд и член на бордот на директори на „Up Global“. Работилницата е овозможена преку Girls in Tech Macedonia и организацијата на Codefest. Oвој настан ќе опфати и инфо сесија за претстојниот Codefest кој по 4-ти пат, во месец април ќе се одржи во Охрид.

Нојригат во Македонија доаѓа од Њујорк преку SECO програмата за претприемништво на Swiss Contact, за да работи со локалните стартап и бизнис екосистеми и е подготвен да се запознае со млади луѓе со идеи, како и со оние кои веќе имаат свој бизнис или се дел од таков. Во текот на оваа бесплатна работилница присутните ќе можат директно да дискутираат со Нојригат за своите идеи и да добијат по некој совет.

-Во пресрет на истекот на рокот за аплицирање за учество на Codefest Marathon 2016 кој трае до 15-ти март, работилницата е одлична можност да ги дискутирате и развиете своите идеи и да добиете вредни совети. Покрај ова, доколку веќе развивате каков и да е бизнис или работите самостојно, ова е шанса да научите како да ја зајакнете вашата позиција и како да бидете активен дел од стартап заедницата, информираат организаторите.

Настанот е отворен за сите заинтересирани посетители, а повеќе информации за истиот можат да се најдат на линкот: https://www.facebook.com/events/1676074402664779/

OhridNews