Македонската ракометна репрезентација ќе одигра два натпревари против Светскиот првак, Франција во квалификациите за Европското првенство во Полска 2016 година.
На поширокиот список од селекторот на „триколорите“, Клод Онеста се најдоа сите ракометари кои го донесоа златното одличје на Мундијалот во Катар.
„Црвено жолтите“ се второпласирани во групата со четири бодови пред Чешка и Швајцарија, а позади лидерот Франција.
Составот :
Голмани: Сирил Думулин (Тулуз), Винсен Жерар (Данкерк), Тиери Омејер (ПСЖ), Весли Пардин (Тулуз)
Леви бекови: Вилијам Акамбре (ПСЖ), Тимотеј Нгесан (Шамбери)
Средни бекови: Николас Клер (Нант), Никола Карабатиќ (Барселона), Кентин Мае (Хамбург), Даниел Нарсис (ПСЖ)
Десни бекови: Валентин Порт (Тулуз), Кевин Нјокас (Гепинген), Хавиер Бараше (ПСЖ)
Пикери: Игор Аниќ (Нант), Лука Карабатиќ (Екс де Прованс), Бенжамин Агфур (Данкерк), Седрик Сораиндо (Барселона)
Леви крила: Мишел Гигу (Монпелје), Самуел Онрубиа (ПСЖ)
Десни крила: Лук Абало (ПСЖ), Гијом Жоли (Вецлар).
Мх.П.