Светските и балканските медиуми пренесоа вест со фотографии за условите во кои живеат македонските студенти во Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Почнувајќи од Imgur и Reddit, Business insider, преку балканските „Данас“ и „Info Portal“, британскиот Independent, па се до социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Твитер“.
Тузлански „Инфопортал“ и хрватскиот „Данас“ пишуваат дека студентскиот „Гоце Делчев“ во Скопје претставува „најодвратен дом на Балканот“, без струја и топла вода, со пукнати цевки, нефункционалност, влага и дупки по подот.
Како што пренесе „РадиоМоф“, на Imgur за 20-тина часа фото-сторијата имала преку 680 000 прегледи и неколку илјади коментари, додека британски „Индепендент“ статијата ја наслови како „престој во пеколот“, поткрепувајќи ја со бројни слики и фото-галерија од условите во кои живеат студентите.
OhridNews



















