Најголемиот дел од светските обложувалници ја ставаат Македонија на дното на листата од потенцијални победници на Европскиот шампионат кој од 15 до 29 јануари ќе се игра во Србија.


Коефициентот за триумф на избранците на Шундовски е 1:500, за вложено едно евро ќе зработите дури 501.
Најголем фаворит за освојување на континеталниот шампионат е Франција, потоа следуваат Данска со коефициент 4,50, Шпанија коефициент 5,50, Хрватска коефициент 7,50 и домаќинот Србија коефициент 12.

Натпреварите на ЕП ќе се играат во Ниш, Белград, Вршац и Нови Сад. Македонската репрезентација се наоѓа во Б групата, заедно со Шведска, Германија и Чешка, а натпреварите ќе ги игра во салата „Чаир“ во Ниш.


Ohridnews