Ноќеска се одиграа уште три натпревари на Светското клупско првенство на ФИФА што се игра во САД. ПСЖ покажа моќ и со 4:0 го декласираше Атлетико Мадрид.


Во А групата Палмеирас и Порто одиграа нерешено без голови, додека во групата Б Ботафого со 2:1 го совлада Сиетл.

На СП денеска ќе се одигра уште еден натпревар. Од 21 часот во рамки на групата Д се среќаваат Челзи и Лос Анџелес.

Г.М.