Дваесеткратниот шампион Манчестер Јунајтед отпадна од трката за титулата откако пред своите гледачи претрпе пораз од Саутемптон 1-0.


Човек на одлука беше српскиот репрезентативец Душан Тадиќ, кој победничкиот погодок го постигна во 69-та минута, а во игра влезе пет минути претходно.


„Светците“ успеаја после 27 години да го освојат целиот плен на Олд Трафорд и да го поминат Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата.

Резултати : Арсенал – Њукасл 3-0, Мен Ју – С`тон 0-1.

Табела : Челси 49, Мен Сити 47, С`тон 39, Мен Ју 37…

Мх.П.