Екипата на Пари Сен Жермен ја продолжи битката за врвот со Олимпик Марсеј во француската Прва лига.
На „Паркот на Принцовите“ ПСЖ со погодокот од белата точка на Ибрахимовиќ со минимални 1-0 го совлада тимот на Ница.
Разликата меѓу двата водечки тима е само еден бод, што ветува неизвесна и изедначена битка во борбата за титулата.
Мх.П.