Екипата на Саутемтон обезбеди пласман во следната рунда од Капитал купот совладувајќи го Арсенал 2-1 на „Емирати“.
Со погодокот на Алексис Санчез „топчиите“ одлично го започнаа мечот, но тука некаде застанаа.
Шест минути подоцна „светците“ израмнија преку Тадиќ кој погоди од белата точка, а Клајн во 39-та минута донесе водство кое до крајот мудро го зачуваа.
Резултати : Арсенал – С`тон 1-2, Кардиф – Бурнмаут 0-3, Дерби Каунти – Ридинг 2-0, Лејтон Ориент – Шефилд 0-1, Милтон Кејс – Брадфорд 2-0, Шревзбери – Норвич 1-0, Сандерленд – Стоук 1-2, Свонси – Евертон 3-0, Фулам – Донкастер, Ливерпул – Мидлзброу.
Мх.П.