Фудбалерите на Пари Сент Жермен ја оправдаа фаворитската улога на дуелот со Ница победувајќи со 3-0 пред своите гледачи во првиот меч од 11-та рунда во француската лига.

„Светците“ иако одиграа без суспендираниот Нејмар лесно стигнаа до трите бодови. Творци на победата беа Едисон Кавани со два голови и Анхел ди Марија со две асистенции во првиот дел. Конечните 3-0 домаќините ги поставија на стартот од второто полувреме со автоголот на Данте.

Со трите бодови ПСЖ се одлепи седум поени од второпласираниот Монако кој во 11-та рунда ќе се сретне со Бордо на гостински терен. 

OhridNews