Екипата на Пари Сент Жермен го запоседна врвот во француската Прва лига по триумфот над Тулуз со 3-1.
Два од трите погодоци постигна Адриен Рабиот додека третиот беше дело на капитенот Тијаго Силва.
„Светците“ на првата позиција на табелата ќе останат најмалце до недела кога фудбалерите на Лион го играат првенствениот натпревар со Нант.
Ohridnews