Фудбалерите на Пари Сент Жермен прокнижија нови три бодови на табелата во француската Прва лига победувајќи го Рен со минимални 1-0 во 11-та рунда.


Стрелец на победничкиот погодок на тешкото гостување беше Анхел ди Марија во 75-та минута од натпреварот.


После триумфот „светците“ им побегнаа цели десет бодови на второпласираниот Анжерс кој има натпревар помалку.

Ohridnews