Фудбалерите на Пари Сент Жермен со висок триумф (5-0) над Тулуз во француската Прва лига ги залечија раните од поразот од Реал Мадрид во Лигата на Шампиони.
„Светците“ до победата стигнаа лесно откако во првиот дел преку Анхел ди Марија и Златан Ибрахимовиќ два пати ја погодија противничката мрежа.
Во второто полувреме домаќините со головите на Лукас Мура, Ибрахимовиќ и Лавеци ја заверија убедливата победа.
Со овој триумф „светците“ ја зголеми двоцифрената предност од второпласираниот Лион на 15 бодови.
Мх.П.











