Фудбалерите на Пари Сент Жермен остварија значајна и убедлива победа (3-0) на гостувањето во Бордо во првиот меч од 25-та рунда во елитната француска лига.
Победата на гостите од Париз ја навија Едисон Кавани во шестата минута. До првиот дел Анхел ди Марија зголеми на 2-0, а во вториот дел Кавани со вториот гол за него стави точка на натпреварот.
„Светците“ со овој триумф се изедначија со тимот на Монако на врвот од табелата, но „кнезовите“ имаат меч за одигрување.
OhridNews