Екипата на Саутемтпон на гостувањето кај Свонси во 37-та рунда од Премиер лигата забележа минимална победа (1-0) со која во голема мера го обезбеди опстанокот во елитното англиско друштво.
Во последната рунда „светците“ треба да загубат со огромна разлика или пак Свонси да победи исто така со голема разлика за промена на местата на табелата. Стрелец на победничкиот гол вреден опстанок за Саутемптон беше италијанскиот интернационалец Маноло Габиандини во 72-та минута од натпреварот.
Сепак, „галебите“ имаат шанса за опстанок, но Хадерсфилд во следните две рунди мора да изгуби, а тимот од Велс да го совлада Стоук на домашен терен. Сите надежи за опстанок ги изгуби Вест Бромвич Албион кој со добриот финиш се врати од отпишаните, но недоволно за обезбедување на билет за нова премиерлигашката сезона.
OhridNews