Актуелниот шампион во Премиер лигата, Челси доживеа нов срам откако пред своите гледачи претрпе пораз од Саутемптон 3-1.
„Светците“ со три погодоци и уште неколку стопроцетни прилики возвратија на водечкиот гол на Вилијан од слободен удар.
Само среќата и на моменти себичноста на гостинските фудбалери ги спасија „сините“ од уште повисок пораз на домашен терен.
Со четири порази во осум натпревари фудбалерите на Челси се наоѓаат на 16-та позиција на табелата далеку од она што сме навикнати да го гледаме.
Мх.П.










