Францускиот првак Пари Сент Жермен обезбеди пласман во четвртфиналето од националниот куп.
„Светците“ во осминафиналето пред своите гледачи го совладаа составот на Нант со 2-0.
Дилемите околу победата домаќините ги решија по само половина час игра кога преку Едисон Кавани и Јохан Кабаје поведоа со 2-0.
Покрај тимот на ПСЖ пласман во 1/4 финалето обезбедија Монако, Гингамп.
Мх.П.