Пари Сент Жермен на осум меча до крајот на првенството ја осигура титулата во Франција победувајќи го тимот на Троја со убедливи 9-0.


Четири од деветте гола за ПСЖ постигна Златан Ибрахимовиќ, два реализираше Едисон Кавани, по еднаш прецизни беа Хавиер Пасторе и Адриен Рабиот, а Метју Сануиер сам си ја затресе мрежата.


„Светците“ до новиот трофеј во клупска историја стигнаа на уверлив начин оставајќи ги конкурентите далеку зад себе.

По освојувањето на титулата во француската лига мултимилионскиот проект ќе се насочи кон трофејот во Лигата на Шампиони.

OhridNews