Петнаесетата седница на Советот на Општина Охрид ќе се одржи на ден 26.08.2022 година (петок) со почеток во 09:00 часот. На дневен ред 104 точки.
Меѓу нив Предлог Програма за измени и дополнувања на развојната програма за уредување на градежно земјиште за 2022 – 2024 година, предлог Програма за измени на програмата за спорт и рекреација за 2022 година, Предлог Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Охрид за 2022 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за поттикнување на развојот на туризмот на Општина Охрид за 2022 година за периодот од 01.01. до 30.06.2022 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за подршка на локалниот економски развој на Општина Охрид за 2022 година за периодот од 01.01. до 30.06.2022 година.
На дневен ред и Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за финансиските потреби на Територијалната противпожарна единица – Охрид за периодот од 01.01. до 30.06.2022 година, Предлог-одлука за усвојување на Извештајот за реализација на развојната Програма за изработка на урбанистички планови на територијата на општина Охрид 2022-2024 за периодот од 01.01. до 30.06.2022 година, како и шестмесечните извештаите за реализација на Програмите во повеќе сфери.
Предлог-oдлуки за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 односно 25 деца, давање мислење за изведување на училишните екскурзии во основните училишта, за усвојување на годишните извештаи за работата и материјално – финансиското работење на основните и средни училишта, Предлог одлуки за усвојување на годишните програми за работа на училиштата за 2022/2023 и ОЈУ„Кузман Шапкарев“ – Охрид, како и годишни планови за вработување.
Предлог одлука за давање донација на ДПД Ентузијаст Охрид- Дебрца, Предлог Одлука за партиципација и сопствено учество на Општина Охрид во проектот „Развој на спортски туризам во Општина Охрид – изградба на вежбалиште за голф“, Предлог-одлука за формирање на општински совет за социјална заштита, Предлог-oдлука за формирање на координативно тело за оценување на имплементација на трет локален еколошки акционен план на Општина Охрид и уште ред други точки на Дневен ред https://ohrid.gov.mk.
OhridNews