Свикана шеесет и четвртата седница на Совет на општина Охрид.
На дневен ред се 10 точки кои се однесуваат на Предлог- Одлуки за усвојување на Годишниот извештај за работата и материјално –финансиското работење на четирите средни училишта во Охрид, ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“, ОСУ „Св. Климент Охридски“, РЦСОО „Ванчо Питошески“ и СОСУ„Св. Кирил и Методиј“, како и Предлог- Одлуки за усвојување на Годишната програма за работа на ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“, ОСУ„Св. Климент Охридски“ и СОСУ„Св. Кирил и Методиј“.
На дневен ред се и точки кои се однесуваат на Предлог- Одлука за усвојување на Годишниот извештај за работа и Предлог- Одлука за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУДГ„Јасна Ристеска“ . Последна точка на дневниот ред е Предлог- Одлука за усвојување на Годишната програма за работа на ОЈУ„Кузман Шапкарев“ – Охрид за 2021/2022 година.
Седницата ќе се одржи на 29.09.2021 година со почеток во 11:00 часот.
OhridNews












