Маж вечерва задавил медицинска сестра на покривот од Детската клиника во Скопје, по што се заканил дека ќе се самоубие.
Како што јавија медиумите во Скопје, по неколкучасовната драма, полициските сили успеале да го убедат убиецот да е предаде, по што тој бил приведен.
На местото на настанот во тек е увид, а детали за немилиот настан се очекува да бидат соопштени во текот на денот.