СВР Охрид поднесе кривична пријава против 18-годишно лице од село Косел поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“. Пријавениот, на 2-ри октомври, во 01.00 и во 02.40 часот на улица „Ванчо Николески“, со камења скршил прозорци од дневна соба во станот сопственост на 61-годишно лице. Потоа, додека полициски службеници од СВР Охрид вршеле увид во станот, фрлил запалива материја на влезната врата од станот од која се запалил дел од вратата.
СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 46-годишно лице од Сливо Поле, Република Бугарија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.
Пријавениот неовластено навлегувал во е-маил комуникација помеѓу фирма од Република Македонија и фирма од Србија и својата приватна жиросметка ја прикажал како сметка на фирмата од Македонија.
OhridNews


.jpg)









