Екипата на Евертон ја забележа четвртата победа во петтиот натпревар совладувајќи го тимот на Свонси со 3-1 пред своите гледачи во последниот меч од 18-та рунда во Премиер лигата.

Гостинскиот состав со водечкиот погодок во 35-та минута ги разбуди домаќините кои подоцна заиграат фудбал како на последните неколку натпревари. „Карамелите“ до крајот на првиот дел изедначија, а во второто полувреме помалку од десет минути со два голови го решија натпреварот.

Со трите бодови се искачи на 9-та позиција, додека Свонси останува на последната позиција на табелата во Премиер лигата. 

OhridNews