Свонси со 3-2 го совлада Виган на гостински терен и го испрати во бездната, а во вториот натпревар “граѓаните“ забележаа минимален триумф над ВБА со 1-0.


“Латикси“ имаат 35 бода, три помалку од Њукасл, кој е на “сигурното“ 17-то место. Виган во 37-та рунда гостува на “Емирати“ кај “топчиите“ кои се во мртва трка за четвртата позиција која води во ЛШ и ќе биде вистинска сензација да извојуваат победа.

Во последната рунда од Премиер лигата, на домашен терен ја пречекуваат Астон Вила, но со пораз во Лондон од Арсенал, фудбалерите на Виган ќе ги загубат речиси сите шанси за опстанок во елитното друштво.

Мх.П.