Менаџерската столица на Франческо Гвидолин во Свонси е сериозно разнишна откако клубот не бележи најдобри резултати во Премиер лигата, а како негов наследник се споменува Рајан Гигс.


„Лебедите“ по пет одиграни натпревари имаат една победа, а во Лига купот претрпеа пораз и елиминацијата од Манчестер Сити.

Италијанскиот стручњак на клупата од Свонси седна минатата година и го спаси тимот од испаѓање, но сезонава на тргна кон посакуваниот правец па најверојатно ќе следува разделба.

Гигс после отказот на Дејвид Мојс во Манчестер Јунајтед го предводеше тимот до крајот на сезоната, а две сезони му беше прв помошник на Луис ван Гал.

OhridNews