Фудбалерите на Свонси освоија значајни три бодови во трката за опстанок победувајќи го Арсенал (3-1) пред своите гледачи во 25-та рунда од Премиер лигата.

Домашните фудбалери до трите бодови стигнаа со голема помош од голманот на Арсенал, Петр Чех кој при резултат 1-1 со кардинална грешка им поклона погодок за водство на „лебедите“. До крајот на мечот домаќините не само што го задржаа, туку го зголемија водството за конечна победа 3-1.

Ливерпул, пак, со триумфот на гостински терен кај Хадерсфилд (3-0) направи чекор кон обезбедување на четвртото место на табелата кое води во Лигата на Шампиони.

Резултати: Свонси – Арсенал 3-1, Вест Хем – Кристал Палас 1-1, Хадерсфилд – Ливерпул 0-2.

OhridNews